Трагична вест доаѓа од фудбалот. Почина уругвајскиот фудбалер Фабијан О’Нил на 49-годишна возраст.
Поранешниот играч на Калјари и на Јувентус бил итно хоспитализиран поради заболување на црниот дроб, и во последните денови беше на интензивна нега. Неговата состојба денеска се влошила и не успеа да ја добие најважната животна битка. Имаше 49 години.
О’Нил ја почна професионалната кариера во Насионал, а најмногу играше во Калјари од 1996 до 2000 година. Во сезоната 2000-2001 беше дел од Јувентус, а потоа играше за Перуџа, па се врати во Калјари, а во 2003 година се врати во Насионал.
Lamentamos informar el fallecimiento de Fabián O’Neill.
Surgido en la cantera inagotable y campeón uruguayo con nuestra camiseta.Hoy todo Nacional está de luto. A su familia y amigos, nuestras más sinceras condolencias.
¡Hasta siempre Mago! pic.twitter.com/vlbFbpDn5O
— Nacional (@Nacional) December 25, 2022