Австралија му посака добредојде на Новак Ѓоковиќ, една година откако беше депортиран поради одбивањето да се вакцинира за КОВИД. Австралиските власти потврдија дека 35-годишниот 21-кратен гренд слем шампион е во Аделаида, каде што ќе се подготвува за Австралија опен, првиот гренд слем во 2023, кој стартува во јануари.
Минатата годдина, кога Ѓоковиќ пристигна во земјата, беше приведен од граничната полиција и мораше да остане во хотел за имигранти, откако не му беше признаено медицинското објаснување зошто не е вакциниран. По 10 дена легална битка, владата оцени дека тој не ги исполнува условите за престој и го депортираа и му забранија влез во земјата до 2025 година.
Меѓутоа, по промената на власта во Австралиј во мај, министерот за имиграција, Ендру Гајлс минатиот месец му ја поништи забраната и Ѓоковиќ сега нормално се врати за да игра на гренд слемот на кој има 9 титули. Тој ќе се подготвува за гренд слемот со настап на Аделаида опен, турнир кој почнува во недела.