Ракометната федерација на Македонија (РФМ), го најави спектаклот што ќе се случи на 3.јануари во арената „Борис Трајковски“. Натпревар ќе одиграат актуелните репрезентативци против ветераните. Собранте средства ќе одат во хуманитарни цели.
„Влегувам во 10 година од мојот мандат, кога започнав голем дел од овие играчи беа во зенитот на своите кариери. Сега тие веќе не се активни, но генерациите што доаѓаат учеа од нив. Чест ми преставува што ќе бидам дел одо овој голем настан, во чест на овие 20 горди Македонци кои секогаш даваа се од себе бранејќи ги боите на државата. Благодарност до спонзорите кои ќе дадат дополнителни средства за СОС Детското Село, се надевам дека ќе стигнеме до сума од околу еден милион евра која ќе биде донирана онаму кад што е најпотребна“, рече првиот човек на РФМ изјави Живко Мукаетов.
Покрај ракометниот натпревар, спектаклот ќе биде збогатен со настапот на Некст Тајм, Меморија, Кики, Александар и Дац. Засега се продадени околу 4.500 билети.