Винсент Крихмаер убедливо славеше во спустот во Бормио, во рамките на Светскиот куп.
Австриецот патеката ја мина за 1:54,68 минути. Тој беше единствениот кој успеа да постигне резултат под 1:55. Ова беше 14. победа во кариерата за актуелниот светски шампион во спуст и супервелеслалом.
Канаѓанецот Џејмс Крафорд го освои второто место со точно четири десетинки послаб резултат. Трет со заостанување од 68 стотинки, трката ја заврши Норвежанецот Александар Омот Килде.
Четврти беше лидерот во генералниот пласман и бранител на Големиот кристален глобус, Швајцарецот Марко Одермат, додека петти заврши Американецот Рајан Кокрајн Зигл.
Во спустот води Килде со 405 бодови, додека Одермат е далеку пред сите во генералниот поредок со 846 бодови.
Светскиот куп продолжува во четврток на 29.декември со супер-џ трката во Бормио.