Top Sport

Романски пливач го победи Ѓоковиќ во изборот за најдобар спортист на Балканот

Eден од најдобрите светски тенисери на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ, не е најдобар спортист на Балканот za 2022 година.

Ѓоковиќ годинава ги освои Вимблдон и завршниот Мастерс, но за најдобар спортист на Балканот е избран романскиот пливач Давид Поповичи, светски првак на 100 метри и на 200 метри слободно.

Српскиот тенисер се најде на втората позиција, а трет е капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ.

Од Македонија има двајца спортисти меѓу 50 најдобри. На делба на 13. место е борачот Владимир Егоров, а капитенот на македонскиот нациионален тим Стефан Ристовски се најде на делба на 31. место.

Scroll to Top