Фудбалерите на Реал Сосиедад и Виљареал забележаа победи на последните два натпревар оваа година во шпанската Примера.
Реал Сосиедад се вратиј на третата позиција на табелата, откако славеа над Осасуна со 2:0.
Содиедад поведе во 23. минута, Браис Мендес излезе сам пред голманот на Осасуна, шутираше прецизно, топката се одби од стативата и во мрежата. Тимот од Сан Себастијан ја потврди победата во продолжението.
Се играше 65. минута кога Александер Серлот со одличен лоб удар го совлада Аитор Фернандеш за конечни 2:0.
Виљареал со пресврт ја победи Валенсија со 2:1 (1:1), во локалното дерби.
Единсон Кавани ги доведе гостите во водство во 21. минута, но на полувреме, кое го обележа нестварното промашување на Џерард Морено во втората минута, се замина со реми.
Во последната минута од првото полувреме Самуел Чукуезе погоди за 1:1.
Кога се очекуваше поделба на пленот, во 88. минута Виљареал дојде до трите бода.
Највисок во скокот беше Хуан Фојт кој со глава ја испрати топката во мрежата за големо славје на навивачите на „жолтата подморница“.