Домаќинот Полска не успеа да направи изненадување и да го совлада фаворитот Франција во првиот меч на Светското првенство во ракомет, откако „триколорите“ ја покажаа својата сила и своето искуство со 26:24 (14:13) победа во првиот меч од тешката група А.
Полјаците имаа добар старт на мечот и поведоа со 4:2, но оттогаш, Французите ја вратија иницијативата и водството и не го испуштија до крајот на мечот. Полска четири пати успеваше да израмни во второто полувреме пред домашната публика во Катовице, но на крајот Франција стигна до победа. Во групата Б уште се и Словенија и Саудиска Арабија.
Македонија, која е во групата Ф со Аргентина, Холандија и Норвешка, својот настап на СП го почнува против фаворитот Норвешка в петок во 20.30 часот.