Top Sport

Црвениот картон на Жоао Феликс на Челси му носи загуба од 2,4 милиони евра

Жоао Феликс нема со задоволство да се сеќава на своето деби во Премиерлигата, но ниту Челси. Англиските статистичари го пресметаа податокот колку ќе го чини Челси црвениот картон на натпреварот против Фулам и се работи за неверојатна сума.

Исклучувањето на Жоао Феликс поради груб старт ќе го чини клубот 2.360.000 евра!

Челси плати 11 милиони евра обештетување на Атлетико Мадрид за шестмесечната позајмица на Феликс и ќе му ја покрие целата плата до крајот на сезоната, што е дополнителни 6,7 милиони евра.

Во времето кога потпиша Феликс, Челси имаше 21 натпревар до крајот на сезоната, па кога ќе се подели вкупниот трошок, Португалецот би чинел нешто помалку од 800.000 евра по натпревар.

Бидејќи Феликс ќе пропушти три натпревари поради директен црвен, пресметката е дека ова ќе биде рекорден црвен картон кој ќе чини нешто помалку од 2,4 милиони евра.

Челси нема да може да смета на Жоао Феликс на тешките натпревари против Ливерпул, Вест Хем и повторно против Фулам.

Scroll to Top