Жерард Пике заработил повеќе од Шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија од шампионот Барселона и финалистот Реал Мадрид, открива каталонскиот „Спорт“, откако неговата компанија „Космос“ го договори натпреварувањето.
„Космос“ заедно со претседателот на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), Луис Рубијалес потпишаа шестгодишен договор со Саудиска Арабија во 2019 година за оддржување на натпреварувањето, кое вообичаено се играше помеѓу освојувачот на купот и освојувачот на Ла лига во мини-турнир со четири клубови.
Според „Спорт“, РФЕФ добила 40 милиони евра, додека Барселона и Реал Мадрид добиле по 2.8 милиони евра. Валенсија инкасирала 1.7 милиони евра, додека минатогодишните шампиони од Копа дел Реј, Реал Бетис само 750.000 евра. Компанијата на Пике, „Космос“ си добила фантастични 4 милиони евра во провизија, додека од преостанатите 23.7 милиони евра, 20 милиони евра ќе се распределат во шпанските клубови.