Top Sport

Баерн Минхен доби и втора „корпа“ за Јан Зомер

Раководството на Борусија Менхенгладбах ја одби и втората понуда на Баерн Минхен за голманот Јан Зомер. Понудата на Баварците беше во износ од 8 милиони евра, плус уште еден милион во вид на бонуси. Сепак, во Менхенгладбах не беа задоволни од понудата и ја одбија.

Баерн Минхен е во потрага по нов голман по тешката повреда која ја заработи Мануел Нојер. Капитенот на тимот е во аут до крајот на сезоната поради скршеница на ногата, а прв избор за негова замена е Зомер.

Баварскиот гигант првиот пат понуди 4 милиони евра, а сега и двојно повеќе, но Борусија Менхенгладбах не сака лесно да се откаже од својот голман.

Јан Зомер има договор со клубот до крајот на сезоната.

Scroll to Top