Натпреварите од Светското клупско првенство значително ќе се разликуваат од останатите и носат нова промена во судискиот дел. Имено, Меѓународниот борд на фудбалски асоцијации (ИФАБ) им нареди на сите судии да ги образложат своите одлуки преку видео анализа.
Тоа ќе биде пробно за да се информираат навивачите за исправноста на одлуката.
Судијата јавно ќе ја соопшти конечната одлука, но јавноста нема да може да ја слушне неговата комуникација со судиите задолжени за видео технологијата.
Според ИФАБ, вакво нешто би се проширило и на другите натпреварувања на ФИФА доколку се покаже успешно на Светското клупско првенство во Мароко.
Натпреварувањето ќе се одржи од 1. февруари до 11 февруари.