Напаѓачот на Фиорентина, Лука Јовиќ, може да биде продаден до крајот на зимскиот трансфер период, пренесува шпанскиот весник „Марка“. Минатото лето, српскиот интернационалец им се приклучи на „виолетовите“ како слободен играч, разделувајќи се со Реал Мадрид.
25-годишниот Јовиќ не ги оправда очекувањата на стручниот штаб на италијанскиот тим и ставен е на продажба. Од следниот трансфер на играчот Реал Мадрид треба да добие 50%.
Лука Јовиќ има 25 настапи за Фиорентина и постигна седум гола. Србинот е проценет на 14 милиони евра и е поранешен играч на Ајнтрахт Франкфурт, Бенфика и на Црвена звезда.