Top Sport

Како Карло Анчелоти тренира строгост

Карло Анчелоти се обиде да го минимизира значењето на интересниот момент од мечот во Копа дел реј против Вилјареал, кога пред камерите го искара својот бразилски фудбалер, Родриго Гоеш откако тој не му даде рака при промената.

Родриго беше заменет во 56. минута од Дани Себајлос (кој потоа ја осигура 3:2 победата), и очигледно лут од 2:0 негативата која ја имаа во тој момент, италијанскиот тренер јасно кажа што е потребно. „Ти, ти мора да ме поздравиш!“.

„Само му објаснив да не заборави да пружи рака кога беше заменет. Мислам дека заборавил“, беше посмирен по мечот Анчелоти.

Scroll to Top