Борусија Дортмунд оствари важен триумф на гости против Баер Леверкузен (0:2) и се искачи на четвртата позиција на табелата со 34 бода. „Милионерите“ сега имаат само три бода негатива во однос на лидерот Баерн Минхен и повторно се во трка и за шампионската титула.
Карим Адејеми во 33.минута донесе водство за Борусија Дортмунд, а на почетокот на вториот дел Едмонд Топсоба си постигна автогол.
Баер Леверкузен до крајот на мечот не успеа да се опорави од шокот.