Новото раководство на Хрватскиот ракометен сојуз го смени досегашниот селектор Хрвоје Хорват и на негово место го назначи Горан Перковац. Интересна вест е дека е укината и функцијата стручен координатор што ја извршуваше поранешниот тренер на Металург и македонски селектор, Лино Червар.
Токму на предлог на стручниот координатор Линo Червар, сменет е селекторот на машката сениорска репрезентација Хрвоје Хорват, а на таа функција е поставен капитенот на легендарната златна генерација од Атланта во 1996 година, Горан Перковац.
Перковац доби едногласна поддршка од сите членови на Надзорниот одбор, а потоа истиот одбор ја укина функцијата координатор на струката и затоа Лино Червар е разрешен од таа должност.
Управниот одбор избра и тројца потпретседатели на Хрватскиот ракометен сојуз.