Фудбалерите на Ал Хилал и Ал Ахли се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Ал Хилал по изведувањето на пенали, во рабат, го победи Видад од Казабланка со вкупни 6:4.
Видад поведе во 52. минута со голот на Ајуб Ел Амлуд. Тимот од Мароко остана со играч помалку во првата минута од судиското надополнување, откако вториот жолт картон го доби Јахја Жабран.
Три минути подоцна Мохамед Кано од пенал го израмни резултатот и натпреварот влезе во дополнителните 30 минути. Таму немаше промена на резултатот, па победникот го решија пеналите.
Фудбалерите на Ал Хилал ги погодија сите пет пенали, додека Јахи Атијах-Алах промаши во првата серија за Видад.
Ал Хилал на 7. февруари ќе игра во полуфиналето на Светското клупско првенство против бразилскиот Фламенго.
Египетските фудбалери на Ал Ахли се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако во Танџер, Мароко го совладаа Сиетл со 1:0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Мохамед Магди во 88. минута.
Ал Ахли на 8. февруари во полуфиналето на Светското клупско првенство ќе игра против Реал Мадрид.