Австралиската тениска ѕвезда Ник Кирјос уште еднаш го нападна својот грчки ривал Стефанос Циципас за нивната расправија на Вимблдон во 2022, оценувајќи дека финалистот на Австралија опен се срами самиот себеси со коментарите.
Кирјос и Циципас во јули 2022 на Вимблдон влегоа во конфликт, а откако Циципас го критикуваше однесувањето на ривалот во неодамнешно интервју нарекувајќи го „ѓавол“, Кирјос не остана покус.
Споделувајќи фотографија на која тој бурно ја прославува победата во тој меч тој порача: „Се срами самиот себе додека сите гледаме каков е резултатот“.
Циципас ја продолжи „војната“ со Кирјос: Тој е „ѓавол“ кога ќе игра тенис