Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс ќе отсуствува неколку недели поради повреда. Искусниот, сега веќе поранешен шпански репрезентативец, во 8. минута го напушти мечот против Севиља (3:0).
Според новинарот Адријан Албетс, на Бускетс ќе му требаат најмалку три недели да се рехабилитира од повредата. Тоа значи дека ќе го пропушти првиот меч против Манчестер јунајтед во нокаут фазата од Лига Европа, а не е сигурно дека ќе биде подготвен за реваншот на „Олд Трафорд“ кој е закажан за 23. февруари.
Во следните денови играчот ќе биде подложен на лекарски прегледи со цел да се утврди точната дијагноза.
Бускетс оваа сезона одигра 27 настапи за Барселона во сите натпреварувања.
Покрај Бускетс, првиот натпревар против Манчестер јунајтед ќе го пропушти, истот така поради повреда и Усман Дембеле.