Двата гола на Петар Петковски беа доволни Работнички да ја забележи првата победа во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи го Силекс со 2:1 на „Филип Втори“.
По незгодниот пораз во првото коло од 3:4 од Ренова, тимот на Ѓоре Јовановски не дозволи изненадување во вториот меч против цврстиот тим на Силекс, откако Петковски стрелаше во 12. и 36. минута од мечот за 2:0 предност на полувреме.
Силекс се обиде да се врати во игра во второто полувреме и во 70-тата минута ја намалува предноста на „романтичарите“ со удар од белата точка преку Есенге Парфаит. Силекс има еден поен по две кола од ПМФЛ, по 1:1 ремито со Шкупи во првото коло.
Останатите натпревари од второто коло на програмата се утре.