Поранешниот бек на Манчестер јунајтед, Патрис Евра доби казна од судот во Париз за хомофобичните изјави кои ги направил во 2019 година против При Сен-Жермен. По победата на Манчестер јунајтед на гости кај ПСЖ во меч од Лигата на шампионите, Евра преку „Снепчет“ ликуваше.
„ПСЖ, сите сте педери, вие сите сте педери. Тука зборуваат мажите“, изјави тогаш Евра.
Граѓанските организации „Мус“ и „Стоп Хомофобија“ решија да го тужат 41-годишниот фудбалер за „јавна навреда кон група луѓе поради нивната сексуална ориентација“ и според „Л’Екип“, Евра го загубил случајот и треба да плати казна од 1.000 евра, дополнителни 1.500 евра за дветее организации и 1.000 евра за судски трошоци.
Инаку, претходно, Евра во интервју за „Ле паризиен“ изјави дека во секој клуб има „барем по двајца хомосексуалци“.
Bonjour
Ci joint encore les frasques de Patrice Evra avec l'un des jeunes de ma ville. Et après il dit respecter le PSG et ses joueurs.. pic.twitter.com/CiJ4GMy99c
— Lima samir (@Limasamir1) March 19, 2019