Top Sport

Украински фудбалер преживеaл троен срцев удар

28-годишниот фудбалер на АЕК, кој е на позајмица во Зорја, Олег Данченко, доживеа троен срцев удар на подготовките на украинскиот прволигаш. Го спасила брзата реакција на докторите.

Данченко колабирал на тренинг во Турција, а го спасиле австриски лекари кои биле во близина и имале дефибрилатор. Срцето му застанало трипати, бил клинички мртов, но лекарите успеале да ја стабилизираат неговата состојба.

Тој е префрлен во болница и сѐ уште не е позната неговата состојба.

Данченко во Зорја настапува како позајмен од грчкиот клуб АЕК. Пред АЕК играше за Рубин, Уфа, Шахтјор, Јенисеи, Анжи, Черноморец, Хмелницки и за Металург.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');