Ракометарите на Еурофарм Пелистер го победија Алкалоид со 27:25 во второто коло во плеј-офот на Суперлигата на Македонија.
Избраниците на Кирил Лазаров подобро го отворија натпреварот, имаа водство, но Еурофарм Пелистер на полувреме сепак замина со еден гол предност (13:12).
Во завршницата битолчани имаа четири гола позитива (24:20), но во завршната минута Алкалоид се доближи на само еден гол. Сепак, домаќинот реализираше во последниот напад и дојде до триумф од 27:25.
Најефикасен играч на натпреварот беше Денис Васиљев со шест гола.