Top Sport

Голден Арт се раздели со тренерот Матлиески

Тимот на Голден Арт и тренерот Никола Матлиески по само две кола од плеј-офот ја раскинаа соработката.

“Ракометниот клуб Голден Арт ја информира македонската спортска јавност дека спогодбено ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, Никола Матлиески. Од името на клубот му благодариме на Матлиески за досегашната соработка и за неговиот придонес во развојот на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани.

Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот, со кој ќе ја продолжи борбата за опстанок во најквалитетното ракометно натпреварување во Македонија“, информираат од Голден Арт.

Scroll to Top