Третата последовна победа го доведе Јувентус до седмата позиција на табелата, со што се зголемуваат надежите дека можеби и ќе успеат да стигнат до пласман во Лигата на шампионите. „Старата дама“ славеше со 0:2 на гости кај Специја, а четвртопласираниот Лацио е оддалечен десет бода. Потсетување дека на Јувентус административно му се одземени 15 бода поради финансиски малверзации на поранешното клупско раководство предводено од Андреа Ањели.
Моисе Кин во 32.минута донесе водство за Јувентус на ова гостување, а Анхел Ди Марија го потврди триумфот со голот во 66.минута од мечот.