Лидс јунајтед го потврдија ангажирањето на поранешниот прв човек на Вотфорд, Хави Грасија за нов менџер со „флексибилен“ договор и Шпанецот ќе почне со работа кога ќе ја добие работната дозвола.
Грасија ќе биде заменик за американскиот тренер Џеси Марч кој беше отпуштен по лошата форма на тимот, откако не успеаја да го убедат тренерот на Рајо Валјекано, Андони Ираола и првиот човек на Феенорд, Арне Слот, а не се договорија и со поранешниот тренер на Ајакс, Алфред Шројдер. Тренерот на У-21 тимот, Мајкл Скубала го предводеше Лидс во последните три меча.
Грасија покрај работата со Вотфорд во 2018 и 2019, работеше и во Валенсија, Малага и Рубин Казан, а последен клуб му беше катарскиот Ал-Сад.