Top Sport

Изгорениот болид на Грожан заврши во музеј

Болидот од кој Роман Грожан избега и едвај го спаси животот при Бахреин ГП трката во 2020, ќе биде изложен во музејот на Ф1 кој ќе се отвори во Мадрид овааа година.

Французинот, тогаш возач на Хас, излета од патеката на стартот и директно се ури во бариера по што неговиот болид се „расцепи“, а остатоците се запалија од горивото. Чудесно, тој успеа да излезе без повреда со помош на Ф1 докторот Јан Робертс и возачот на безбедносното возило Алан ван дер Мерве.

Во исто време беа објавени нови снимки од страшната несреќа.

„Од моја гледна точка тоа беше голем инцидент, но не сфатив колку насилно изгледаше за тие кои ја гледаа трката. Дури следното утро кога ми ги покажаа снимките дознав што се случило. Мојата сопруга го гледаше тоа со мојот татко и со децата. Тие ќе се сеќаваат на моментот цел живот“, вели Грожан, кој ја напушти Ф1 и се трка во Индикар серијата.

Scroll to Top