Македонската кошаркарска репрезентација загуби со 82:73 (22:15, 22:23, 17:18, 21:27) од Словачка во петтото коло од претквалификациите за Евробаскетот во 2025, пропуштајќи ја првата шанса да го обезбеди првото место и пласман во квалификациите. Словачка, со победата, ги заддржа шансите за пласман, додека Македонија сега не смее да си дозволи уште еден кикс.
Словаците почнаа далеку подобро за да направат преддност од 22:15 по првата четвртина. Селекцијата на Александар Јончевски го крена нивото во втората четвртина, но не успеавме да ја надополниме разликата и на полувреме, домаќините имаа 44:38 предност. Противниците почнаа уште подобро во третата четвртина, за да стигнат и до предност од 20 поени, пред доцниот камбек во последната четвртина да биде залуден.
Сега, македонската селекција може да се го осигура првото место доколку ја победи Норвешка на гости во Осло.