Германсиот фудбалер Лукас Подолски уште еднаш ја покажа својата поврзаност со Турција, земјата каде што помина дел од својата долга кариера, откако заедно со поранешниот клуб Галатасарај почна добротворна акција за собирање на 500 станбени контејнери за погодените од земјотресот во Турција и Сирија.
„Бев шокиран кога ги слушнав трагичните вести од Турција. Секогаш се чувствував како дома во оваа земја и со оваа катастрофа како да беше откинат дел од мене. Во овие тешки моменти моето срце е со вас. Неодамна го посетив регионо кој беше погоден од земјотресот и жа ми е за тие кои страдаа. Сакам да помогнам со донација од 2 милиони турски лири за тие кои страдаа и кои се обидуваат да иградат нов живот. Се надевам дека бргу ќе ја достигнеме целтта од 500 контејнери. Секогаш ќе бидам подготвен да помогнам на турскиот народ“, напиша Подолски на Инстаграм на турски јазик.