Словенечката НБА ѕвезда на Далас маверикс, Лука Дончиќ го изненади момчето Чејс, голем љубител на кошарката кој ги има загубено двете раце и нозе со билети за Ол-Стар натпреварот и посебен подарок.
23-годишниот Дончиќ го покани Чејс на неговиот тренинг во емотивен момент споделен од неговата „Лука Дончиќ фондација“ на Инстаграм.
„Морам да кажам, ги загубив рацете и нозете, но никогаш надежта“, вели малиот Чејс, кој призна дека Дончиќ е неговиот омилен кошаркар.
Дончиќ преку својата фондација е познат по филантропијата во Далас и Тексас со главна цел да се „подобри здравјето и добростојбата на децата преку игра“.