Душан Влаховиќ би можел да го напушти Јувентус доколку клубот од Торино не се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, објави „Спортмедиасет“. Српскиот напаѓач дојде во Јувентус од Фиорентина во јануари 2022 година за 80 милиони евра и досега има постигнато 19 гола на 43 настапи.
Откако на Јувентус му беа одземени 15 бода поради финансиски малверзации, клубот падна на осмото место со 32 бода, 12 помалку од четвртото место кое директно води во Лигата на шампионите, а италијанските медиуми пренесуваат дека најверојатно ќе мора да продадат дел од најдобрите фудбалери.
За Влаховиќ е заинтересиран Реал Мадрид, а претходно беше поврзуван и со Арсенал.
Јувентус воспоставил контакт со агентите на 20-годишниот Расмус Хојлунд, напаѓачот на Аталанта кого го гледа како замена за Влаховиќ. Неговата вредност се проценува на околу 15 милиони евра.