Кремонезе ја оствари првата победа во Серија А откако на домашен терен ја совлада Рома со 2:1. Домашниот тим е во ситуација да спасува жива глава и да избегне испаѓање од елитата, па ја победи Рома која е во трја за пласман во Лигата на шампионите.
Франк Цаџу донесе водство за домаќинот во 17.минута, а Леонардо Спинацола успеа да израмни во 71.минута. Сепак, Кремонезе дојде до триумф со голот од пенал на Даниел Чофани во 82.минута од мечот.
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, доби црвен картон на почетокот на вториот дел, откако имаше жестока дискусија кон судијата.