Top Sport

Рафаел Надал се повлече од Индијан Велс

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од претстојниот Мастерс турнир во Индијан Велс поради повреда.

Одлуката за повлекување на трикратниот шампион на Индијан Велс и освојувач на 22 гренслем титули ја соопштија организаторите на турнирот.

Надал го повреди мускулот на левата нога за време на неговиот меч од второто коло на Австралија опен кога загуби од Американецот Мекензи Мекдоналд. После тоа истакна дека ќе биде надвор од терените шест до осум седмици.

Моментно осмиот тенисер во светот на денешен ден пред една година стигна до финалето во Индијан Велс.

Scroll to Top