Top Sport

Хорнер зачуден од растот на популарноста на Ф1: Како да сме Кардашијанс!

По неверојатниот финиш на сезоната 2021 кога во контроверзна трка Макс Ферстапен го победи Луис Хамилтон, и по успешната серија на „Нетфликс“, Формула 1 доживува неверојатен раст на популарноста, и шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер вели дека почнува да наликува како „Кардашијанс на тркала“, споредувајќи ја Ф1 со мега-популарното реално шоу.

„Виовме огромен раст на публиката. Серијата на ‘Нетфликс’ ни донесе цела нова публика, помлада и американска. Таа публика се заљуби во личностите – од гордите возачи до шефовите на тимовите“, вели Хорнер за „Блумберг“.

Според „ЕСПН“ во 2022 имало 1.21 милиони американски гледачи по трка, што е пораст од фантастични 21 отсто во однос на 2021. Со ова се остварува стариот сон на поранешниот газда, Берни Еклстоун, кој повеќе пати се обидуваше неуспешно да се пробие на американскиот пазар. Поради ова, во актуелната 2023 ќе има дури три трки во САД – покрај старото Американско ГП во Остин, Тексас, тука ќе биде и Мајами ГП, како и Лас Вегас ГП. Билетите за последната трка во Лас Вегас се ценат на околу 500 долари!

Scroll to Top