Top Sport

Челси не се „готови“ – победа над „милионерите“ за четврт-финале

Лошата сезона на Челси може да има и прекрасен крај, откако двократните европски шампиони со 2:0 ги совладаа Борусија Дортмунд за да ја елиминираат нивната предност од 1:0 од првиот меч и да се пласираат во четврт-финалето на Лигата на шампиони.

Според повеќе англиски медиуми, овој меч требаше да биде клучен за иднината на менаџерот Греем Потер, бидејќи не се очекуваше тој да ја „преживее“ и европската елиминација, и „сините“ одговорија со еден од најдобрите мечеви оваа сезона.

Во фантастичното прво полувреме, двете екипи имаа свои шанси – Каи Хаверц ја затресе стативата, обидот на Марко Ројс беше спасен од Кепа Аризабалага, за, конечно во 43. минута, Рахим Стерлинг најдобро да се снајде и да го постигне својот најважен гол во дресот на Челси.

Само што почна второто полувреме, беше досуден пенал за Челси по играњето со рака во шестнаесетникот на гостите. Хаверц можеше д биде трагичар за „сините“, откако неговиот прв обид заврши во стативата, но по ВАР-интервенција, обидот беше повторен поради прерано влегување во шестнаесетникот на играчите на Дортмунд. Играчите на Борусија протестираа бидејќи играчите на Челси беа први кои влегоа во шестнаесетникот, но тоа не донесе промена на одлуката.

Хаверц не згреши и вторпат и донесе резултат кој ги носи Челси меѓу најдобрите осум во Европа.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top