Реал Мадрид се најде во нови проблеми во пресрет на новото коло во Ла Лига. Мадриѓаните не се на нивото од минатите сезони кога е првенството во прашање, а повторно е повреден најдобриот фудбалер, Карим Бензема.
Тој има проблеми со повреда на скочниот зглоб и сигурно ќе го пропушти гостувањето против Еспањол, со надеж дека ќе биде подготвен за реваншот од Лигата на шампионите против Ливерпул.
Бензема се повреди на ремито со Бетис и оттогаш е надвор од терените. Карло Анчелоти не сака да ризикува и е свесен дека Бензема повеќе му е потребен на натпреварот од Лигата на шампионите.
Реал Мадрид заостанува девет бода зад Барселона во првенството на Шпанија.