Top Sport

Четири натпревари суспензија за Касемиро

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро, му зададе нова главоболка на Ерик Тен Хаг. Бразилецот беше исклучен во 33. минута од натпреварот со Саутемптон на „Олд Трафорд“ кој заврши 0:0.

Бидејќи ова му беше втора црвен картон во последните 45 дена (претходно беше исклучен против Кристал Палас), наместо три ќе мора да паузира четири натпревари.

Бразилецот мораше да го напушти теренот поради невнимателниот страт врз Карлос Алкараз.

Судијата Ентони Тејлор најпрво му покажа жолт картон, но доби сугестија од Вар собата, повторно да ја погледне таа ситуација. Откако ја прегледа снимката тој ја смени одлуката и го испрати играчот на Јунајтед во соблекувалната.

Тој ќе го пропушти четвртфиналето на ФА Купот следната недела на „Олд Трафорд“ кога Јунајтед ќе му гостува на Фулам.

Исто така, поранешниот ас на Реал ќе ги пропушти првенствените натпревари со Њукасл на гости и Брентфорд и Евертон на домашен терен.

Scroll to Top