Јошко Гвардиол е еден од најбараните стопери во светот на фудбалот, но синоќа доживеа дебакл со Лајпциг против Манчестер Сити и беше комплетно надигран од Ерлинг Халанд кој во директниот дуел му даде пет гола.
Гвардиол на првиот меч во Германија беше феноменален, го направи својот противник невидлив, а постигна и гол. Но, сѐ се промени синоќа на „Етихад“.
Рио Фердинанд, поранешниот прославен стопер на Манчестер Јунајтед и на репрезентацијата на Англија, а сега стручен коментатор на „БТ Спорт“, се осврна на играта на Гвардиол.
„Многу зборувавме за него. Најголемите клубови во светот го посакуваат, но Халанд овојпат го стави во центрифуга. Го мачеше, уништи. Гвардиол беше премногу нервозен и Халанд го победуваше во секој дуел. Кошмарна игра за Хрватот“, истакна Рио Фердинанд.