Младиот играч за врска на Ливерпул Стефан Бајчетиќ поради повреда ја заврши тековната сезона.
Тој го пропушти реваншот од Лигата на шампионите со Реал, синоќа во Мадрид.
Бајчетиќ на социјалните мрежи откри за што се работи и дека сезоната за него е завршена.
„За жал, заработив повреда која ќе ме оддалечи од терените до крајот на сезоната. Многу е тешко да се збогувам со оваа одлична сезона за мене, но разбирам дека сето тоа е дел од фудбалот и ќе ме направи психички и физички посилен. Сакам да им се заблагодарам на сите „црвени“ за поддршката во текот на сезоната и ве уверувам дека ќе дадам се од себе да се вратам посилен од кога било“, напиша Бајчетиќ.
Бајчетиќ оваа сезона дебитираше во дресот на клубот од Енфилд. На 19 натпревари постигна еден гол.