Top Sport

Салах е подготвен да го напушти Ливерпул

Мохамед Салах стана рекордер на Ливерпул по бројот на постигнати голови во Премиер лигата (129), откако двапати погоди при демолирањето на Манчестер Јунајтед од 7:0. Египетскиот напаѓач одигра вкупно 293 натпревари за Ливерпул, чиј член е од 2017 година, постигна 178 гола и забележа 74 асистенции.

Прашање е колку ќе ги подобри овие бројки, бидејќи неколку медиуми тврдат дека Салах сака да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Минатото лето Садио Мане го напушти Ливерпул, а Роберто Фирмино ги брои последните денови на „Енфилд“. Бразилецот ќе замине како слободен играч. Доколку клубот го нашпушти и Салах тоа ќе биде голем удар за „црвените“.

Се наведува и дека желбата на Салах е да замине во шпанската Ла Лига. Во овој контекст најмногу се споменува Реал Мадрид. Салах има договор со Ливерпул до крајот на јуни 2025 година.

Scroll to Top