Top Sport

Гомис си оди, доаѓа Велбек

Досегашниот напаѓач на Галатасарај, Батемфимби Гомис, кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, бидејќи наскоро и официјално ќе стане играч на Ал Хилал.

33-годишниот фудбалер, во текот на денот треба да отпатува во ријад, каде откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе потпише договор со новиот клуб. Галатасарај од продажбата на Гомис ќе заработи шест милиони евра.

Гомис минатата сезона беше еден од најдобрите играчи во шампионскиот поход на Галатасарај во турското првенство. Тој на 34 натпревари постигна 29 гола.

Турските медиуми веднаш објавија дека местото на Гомис ќе го пополни поранешниот англиски репрезентативец Дени Велбек, за кого нема место во Арсенал.

Scroll to Top