Top Sport

Куни Моралес го напушта РК Вардар и се сели во Загреб

Десниот бек на РК Вардар, Куни Моралес, од следната сезона нема да го носи дресот на „црвено-црните“. Како што најавуваат хрватските медиуми, тој ќе му се придружи на Тимур Дибиров во редовите на ППД Загреб.

Договорот на Куни Моралес завршува на лето, а тој нема да го продолжи.

Кубанецот дојде во Вардар пред две сезони и остави одличен впечаток, а претходно ги носеше дресовите на Порто, Иври, Данкерк и на Мадеира.

Вардар на десната бековска позиција покрај Моралес, го има уште и македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски.

Scroll to Top