Top Sport

Маркез со пол-позиција во Португалија

Шесткратниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез, го направи својот прв голем скок во новата сезона од премиерната класа, откако ги освои првите квалификации за 2023 година.

Пилотот на Хонда стигна до пол-позицијата за Големата награда на Португалија со време од 1:37.226, кое го забележа во последниот круг на „Портимао“. Тоа е и нов рекорд на патеката.

Веднаш до него ќе биде актуелниот светски шампион Франческо Бањаја (Дукати), кој беше за 0,064 секунди побавен од победникот во квалификациите. Третото место го освои мотоциклистот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, кој заостана 0,228 од секундата.

Локалниот миленик Мигел Оливеира (РНФ Априлија) денеска од 16 часот на спринт трката и утре ќе стартува како четврти, а заедно со него во вториот ред ќе бидат Жак Милер (КТМ) и Бастианини.

Scroll to Top