Top Sport

Пикси Стојковиќ: Не можеме да играме со 13 или 14 фудбалери…

Фудбалската репрезентација на Србија ја победи Литванија со 2:0 во Белград во првото коло од квалификациската група Г. Капитенот Душан Тадиќ ги доведе во водство избраниците на Драган Стојковиќ во 16. минута, по асистенција на Филип Костиќ, а конечните 2:0 ги постави Душан Влаховиќ во 53. минута.

Селекторот Драган Стојковиќ Пикси се осврна на коментарите дека Србија играше како да не сака да постигне уште некој гол.

„Најважно е да имате контрола на играта кога водите со 2:0. За да добијат шанса дел од другите фудбалери, некој мора да излезе. Не можеме ние да играме со 13 или 14 играчи. Имавме шанси, а победите се бројат“, изјави Пикси.

Тој го коментираше и дебито на Лазар Самарџиќ кој ја избра Србија наместо Германија.

„Се сеќавам на моето деби и знам дека ми беа отсечени нозете. Тој не се плашеше, сето ова беше ново за него и отсега натаму сè ќе оди многу полесно. Му честитам на дебито и верувам дека ќе игра за Србија во наредните години“.

Scroll to Top