Натпреварот меѓу Кордоба и Расинг де Ферол во Третата лига на шпанскиот фудбал е прекинат по само десетина минути поради здравствените проблеми на српскиот фудбалер Драгиша Гудељ (25), брат на српскиот репрезентативец Немања Гудељ. Тој одеднаш паднал на тревникот и останал без свест, но и без пулс.
На стадионот настанала тишина штом тој колабирал, играчите се фатиле за глава, а лекарите се упатиле кон теренот. Веднаш им стана јасно за што се работи и почнаа со реанимација додека соиграчите на Гудељ во солзи ја гледале непријатната сцена. Сепак, по неколку моменти успеале да го оживеат и веднаш бил пренесен во блиската болница.
Како што јавува шпанските медиуми, Драгиша Гудељ сега е во стабилна состојба и ќе остане во болница, а причината поради која колабирал засега не е позната. Натпреварот е одложен и речиси сигурно нема да продолжи вечерва.
Situación dramática en El Arcángel. Atienden a Dragi Gudelj sobre el verde. El central del @CordobaCF_ofi se ha desplomado y la ambulancia ha accedido al terreno de juego. Le han realizado un masaje cardíaco. Está consciente y ha intentado levantarse. pic.twitter.com/edlJxpGsaj
— COPE Córdoba (@COPECordoba) March 25, 2023