Светскиот шампион во Мото ГП шампионатот, Франческо Бањаја не можеше да посака подобар старт на новата сезона, откако триумфираше и на неделната главна трка на Португалското ГП во Портимао, откако вчера победи во првата историска спринтерска трка на истата патека.
Асот на Дукати, Бањаја во поголемиот дел од трката беше во битка со возачот на Јамаха, Маверик Вињалес, кој на крајот заврши втор пред Марко Бецеки во ВР46 Рејсинг, а во топ 5 беа и Жоан Зарко и Алекс Маркез.
Повеќекратниот шампион Марк Маркез беше на пол-позицијата на трката, но веднаш ја загуби позицијата, и потоа во обид од четвртото место да го помине Хорхе Мартин, се заби во домашниот фаворит Мигуел Оливеира, кој имаше среќа што не помина со потешка повреда. По ова, трката се стабилизираше, а Бањаја успеа да стигне до првото место и потоа да го остави Вињалес зад себе.
THE DREAM DOUBLE! 🥇🥇@PeccoBagnaia stamps his authority all over Portimao! 🔥#PortugueseGP 🇵🇹 pic.twitter.com/yb2P3F0rzI
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) March 26, 2023