Германската ѕвезда на Челси, Каи Хаверц во интервју за „Гардијан“ открива дека прекарот кај дел од соиграчите му е „Магаре“ поради неговата посебна приврзаност со овие животни.
„Некои ме викаат ‘Магаре’, но не поради фудбалот. Одамна чувствувам посебна врска со магарињата. Тие се мирни животни, можеби се поврзувам со нив бидејќи и јас сум смирен човек. Тие одмараат цел ден, не прават многу, сакаат да си го живеат животот. Секогаш сум ги сакал. Кога сум загубен, одам да гледам животни. Гледам нешто човечко во нив и таму пронаоѓам мир“, вели Хаверц.
Мајката на Хаврц е адвокат, а неговиот татко полицаец, и тие се клучни во неговата чудна врска со магарињата. Кога растел во Ахен, тие му дале на подарок плишано магаре, а кога наполнил 18 години му дале три вистински магариња.
„Тоа беше посебен подарок, посвојување во едно прифатилиште за животни. Првото се викаше Тони, како Ридигер, а последното Надеж, кое беше спасено од касапница. Тоа беше веќе мртво, а сега има добар живот“, објаснува 23-годишниот Хаверц.
Денеска тој го потврди формирањето на „Каи Хаверц штифтунг“, добротворна организација за помош на животните.