Top Sport

Сензацијата на Алкалоид ја направи трката за титулата многу поинтересна (Фотогалерија)

Ракометарите на Алкалоид направија огромна сензација откако го земаа скалпот на актуелниот првак Вардар 1961, совладувајќи го во салата „Автокоманда“ со 22:21. Сега Еурофарм Пелистер повторно е во трка за титулата, а и Алкалоид покажа дека може да се вмеша во триото и да ги победува фаворитите.

Првенството во ракометната Суперлига ќе биде уште повозбудливо до крајот, затоа што и Еурофарм Пелистер ќе треба да му гостува на Алкалоид, а на крајот Вардар, кој во СЦ „Јане Сандански“ победи убедливо, ќе треба да оди на мегдан и во Битола.

Фото Игор Паневски

Scroll to Top