Top Sport

Челси го отпушти Грем Потер

Грем Потер веќе не е менаџер на Челси, соопшти англискиот клуб.

„Челси сака да му се заблагодари на Грам за сите негови напори и придонес и да му посака се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на лондонскиот клуб. Оваа вест не е изненадување со оглед на игрите и резултатите на Челси.

Во последниот меч од Премиерлигата, „сините“ загубија од Астон Вила на домашен терен со 0:2.

Грем Потер го презеде клубот на почетокот на септември, кога го замени германскиот тренер Томас Тухел, кому му пресуди поразот од Динамо Загреб во Лигата на шампионите. Претходно тој успешно го водеше Брајтон.

Нов менаџер на клубот ќе биде неговиот досегашен асистент, Шпанецот Бруно Салтор и функцијата ќе ја извршува привремено.

„Сите во клубот стојат зад Бруно и тимот додека се фокусираме на остатокот од сезоната. Ни остануваат уште десет натпревари во Премиерлигата и четвртфиналето на Лигата на шампионите“, изјавија сопствениците на англискиот клуб, Тод Боели и Бехдад Егбали.

Scroll to Top