Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот тим Трабзонспор испаднаа од Купот на Турција. Трабзонспор загуби од Анкарагучу со 3:1 и го заврши настапот уште во четвртфиналето.
Барди почна на клупата за резерви, а потоа влезе во игра во 65. минута од мечот.
Трабзонспор оваа сезона останува без трофеј, со оглед дека е далеку од трката за титула во првенството.