Осасуна се пласира во финалето на Копа дел Реј откако одигра 1:1 на реваншот против Атлетик Билбао. Вистинска драма се одвиваше на стадионот „Сан Мамеш“, со оглед дека Атлетик Билбао со голот на Ињаки Вилијамс во 33.минута победи со 1:0 во регуларниот тек и ја анулира предноста на Осасуна од првиот меч.
Дуелот отиде во продолженија, а Осасуна успеа да израмни во 116.минута, со голот на Пабло Ибањез.
Осасуна во финалето ќе го очекува подобриот од мегапресметката меѓу Барселона и Реал Мадрид. Вториот меч е закажан за утревечер на „Камп Ноу“, а Барселона има предност од 1:0 по првиот наттпревар на „Сантијаго Бернабеу“.